Во протестна колона долга еден километар, вработени-штрајкувачи од неколкуте најголеми индустриски комплекси во Минск дојдоа денеска пред зградата на белоруската државна радиодифузна компанија „Белтелерадио“.
Тие велат дека не бараат да им биде овозможено да се обратат до јавноста по пат на телевизија, туку дошле во знак на поддршка со вработените во државната телевизија кои одлучија да стапат во штрајк.
Протестната колона претходно се движеше до Минск, одејќи од една фабрика до друга, а патем се придружуваа и други работници.
Демонстрантите стојат во близина на зградата на белоруската радиотелевизија и не се обидуваат да влезат во неа, јавува ТАСС, посочувајќи дека атмосферата е мирна. Насобраните вработени од телевизијата кои се во штрајк на работниците од фабриките им скандираат „ви благодариме“.