Стотици демонстранти упаднаа денеска во комплексот на американската амбасада во Багдад. Американските војници одговориле со испалување солзавец и шок-бомби врз напаѓачите.

Амбасадорот на САД во Багдад, како и дипломатскиот персонал претходно се евакуирани од амбасадата поради протестите кои се одржуваат пред зградата, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи.

Илјадници Ирачани и припадници на армијата денеска почнаа да протестираат пред амбасадата на САД во Багдад поради воздушните напади на американската армија при што загинаа 25 шиитски борци во Ирак.

Дел од демонстрантите фрлаа камења врз Амбасадата на САД, други извикуваа „Не на Америка“ и „Трамп не“ и вееја знамиња на Хезболах.

Помеѓу демонстрантите има и лидери на одредени воени групи.