Бо тек е бојкотот на продавниците, трговските синџири и бензинските пумпи во Хрватска поради постојаното поскапување.
Тоа покажува дека луѓето се подготвени да застанат во одбрана на своите права и се уморни од пасивно набљудување на сопственото осиромашување велат од независната платформа Sjever.
„Сметаме дека ова е крајно време и конечен апел на сите граѓани до актуелната влада.
„Гласајте со вашиот паричник“ е популарна изрека која ги охрабрува потрошувачите да не купуваат производи за кои сметаат дека се прескапи или со сомнителен квалитет.
Денешниот бојкот на продавниците нема да ги реши корените на проблемот, но тоа е силен знак за граѓанско будење и организираност и покажува дека луѓето се подготвени да застанат во одбрана на своите права вели Ивица Бакса од споменатата платформа..
„Луѓето се уморни од пасивно набљудување на сопственото осиромашување“, рече тој. Тој предупреди и дека Хрватска е лидер во Европа по стапка на инфлација, каде иако платите донекаде се зголемени, не го следат скокот на цените, „а за пензиите не се разговара“.
„Според последните податоци, две третини од вработените граѓани имаат плати под републичкиот просек, а 600.000 пензионери живеат со помалку од 500 евра месечно“, рече тој.
Бакса посочува дека Владата има алатки и овластувања да го реши овој проблем, но прашање е дали има волја и способност.
Тој смета дека е интересно што министерот за економија Анте Шушњар го поддржува бојкотот „затоа што ја поддржува ситуацијата што самите ја создадоа“. Индекс.хр