На 9 април 1873 година е воспоставен железничкиот систем во државава со пристигнувањето на првиот воз од Солун на станицата во Велес и овој датум се одбележува како Ден на работниците во Македонската Железница.
Директорот на ЖРСМ Транспорт Аднан Азизи во пишана изјава денеска упати честитки до вработените во Железницата истакнувајќи дека и во време на пандемија железничарите решително го одржуваат железничкиот систем.
– Денес, на 148-та годишнина од постоењето на Македонски Железници, иако во лоша финансиска состојба, оваа компанија има свои највредни средства, вредни и подготвени работници. Во ова време, во состојба на пандемија што го зафати целиот свет, железничарите решително го одржуваат во живот железничкиот систем во нашата земја.Сакам да ја искористам оваа приликата да им се заблагодарам на сите ветерани и сегашни вработени во Железниците на Северна Македонија и да им го честитам 9 април – Денот на Работниците во Железницата, посакувајќи им добро здравје и успех на работа. Со посветеност и истрајност, несомнено ќе ги надминеме сите предизвици и ќе донесеме позитивни резултати во следните години, наведува Азизи.