10.VI/28.V: † Св. Варлаам Охридски; прeп. Никитa eп. Хaлкидонски;
Меѓу помалку познатите, иако не и помалку заслужни борци за ве¬рата Христова на нашиве простори е и светиот свештеномаченик Вар¬лаам, охридскиот архиепископ од крајот на 16 век, многу заслужен за продолжувањето на делото на светите Климент и Наум Охридски Чудо¬творци. Се афирмирал најпрвин со пастирскиот однос кон црквата и ве¬
рниците, а потоа и со чудата што ги направиле неговите мошти.
Неговиот спомен во Македонија се негувал долго по неговото упокојување, за што ни сведочи и еден запис од Охрид од 1869 година запишан од Хр. К. Узунов, а што го објави Јордан Иванов, и во кој се вели дека тогаш, значи по точно 271 година, охриѓани уште си споменувале за него.
Се знае дека тој со неговата придружба и мало обезбедување на 28 мај 1598 година, кога патувал за Велес во близина на градот бил погубен од Турците. Главата му била отсечена со меч, а телото му било фрлено во реката Вардар. Долго време никој не смеел да го извади мртвото тело од реката.
Потоа се нашол некој рибар, благочестив маж, кој го познал телото на архиепископот по раните на него и со двајца други христијани го погребале во кругот на селската црква во близина на Велес. По една година жителите на градот Охрид го измолиле кадијата да им дозволи телото на архиепископот да го пренесат во Охрид.
Кога го откопале телото со многу рани од ножеви се случило чудо, сите рани зараснале, останале само некои ситни белези. Од телото се ширел пријатен мирис, а многу болни од различни болести биле исцелени.
Во Охрид моштите на архиепископот биле погребани во дворот на црквата на Охридската архиепископија каде што потоа многу болни, исто така биле исцелени.
Во еден запис за убиството на светиот свештеномаченик Варлаам пишува: „Во годината 1598, месец мај, 28 ден, на Охридскиот архиепископ кир Варлаам, главата му ја отсекоа Турци во градот Велес, и голема тага создадоа, а нему вечна памет.“
Истиот ден црквата го празнува и споменот на Св. Никита Халкидонски. Уштe млaд стaнaл монaх. Со својот христијaнски нaчин нa живeeњe бил зaбeлeжaн од црковнитe стaрeшини и постaвeн зa aрхиeрeј во Хaлкидон. Тукa сe истaкнaл со блaг однос кон сиромaситe, вдовицитe и другитe страдaлници.
Когa злоглaсниот цaр Лaв Eрмeнeц зaпочнaл борбa против иконитe, и Никитa зaпочнaл мисијa во нивнa одбрaнa. И нa цaрот и нa остaнaтитe им го објaснувaл знaчeњeто нa свeтитe икони. Зaрaди тоa бил мaчeн и протeрaн и животот го зaвршил во прогонство.
Житие: Светата маченичка Еликонида
Родена во Солун. Воспитана во христијанското благочестие. Во времето на Гордијан и Филип премина во Коринт, каде што велегласно ги разобличи оние што им принесуваа жртви на идолите. Кога началникот Периниј ја советуваше да му принесе жртва на идолот Ескулап, Христовата маченичка му рече:
„Слушај, јас сум слугинка на Христос, а кој е Ескулап не знам. Прави што сакаш.“
За ова беше изведена на суд и мачена со страшни маки. Беше фрлена во оган, но од телото и се излеа толку крв што огнот се угаси, а таа остана жива.
Ја фрлија пред лавови, но тие не ја ни допреа, туку се умилкуваа околу неа. Ја пуштија во храм божем да им принесе жртва на идолите, но таа ги искрши сите идоли и со тоа уште повеќе го озлоби мачителот против неа. Кога лежеше во рани во затвор, и се јави Господ со архангелите Михаил и Гавриил, и и ги исцели раните, ја утеши и ја укрепи.
Потоа беше изведена на губилиште за да биде убиена со меч. Пред да ја убијат ги крена рацете нагоре и Му се молеше на Бога да ја приброи кон овците Негови во небесното трло. Кога ја заврши молитвата, се чу глас од небото: „Пријди, ќерко, за тебе има приготвено и венец и престол!“ Најпосле ја убија со меч и прими венец на слава од Господа, на Кого Му се жртвуваше од љубов, чиста и непорочна како јагне.
Тропар
Светлината Христова те просветли тебе, Еликондо света маченичке, и ја растера лагата на мракот, лукавоста човечка беше посрамена, идолите ја спознаа силата на верата, а мачеништвото те однесе до небесната свита. Спомни си за нас, света девственичке, придружничке на Христовите угодници, да се спасат нашите души.
Житие: Свети Игнатиј, епископ Ростовски
Како архиереј дваесет и шест години управуваше со стадото Христово. Кога умре и му го положија телото в црква, некои го видоа како стана од ковчегот и се крена во воздухот над црквата, ги благослови луѓето и градот, па пак се врати во својот мртовечки ковчег. И многу други чуда се пројавија на неговиот гроб. Се престави кај Господ на 28 мај 1288 година.
Тропар
Бог само, Кој срцата ги испитува, ги знаеше трудовите твои за верата принесени, и маките породилни, о Игнатие свети, за паствата свештеничка истрпени. Моли се за нас, пастиру Господов, за чии молитви народот Божји пред Христа се надева.