Св. Аниан е втор епископ во Александрија. Кога Св. Марко од коработ слегол на земјата во Александрија му се скинала едната обувка. Тој му ја дал на еден мајстор за обувки, а тој работејќи со шилото си ја повредил раката.
Тогаш Св. Марко зел малку прашина, ја замесил со својата плунка и ја намачкал раната. Раката веднаш оздравела, а мајсторот по име Аниан се восхитил од настанот. Тој го повикал апостолот во својот дом и откако ја слушнал неговата исповед се крстил со целото семејство.
Подоцна се покажал многу достоен христијанин поради што ап. Марко го поставил за епископ. Тој бил вториот епископ Александриски.
Фотографијата е од фреската на која е прикажан мајсторот Аниан како му ја поправата обувката на светиот Марко.