Ден во знакот на жената и кафето

/ 02.10.2018

И годинава компанијата „Штраус Адријатик“ се придружи на глобалната прослава на Светскиот ден на кафето. Ширум планетата, 1 октомври се прославуваше во чест на жената и кафето…

Жените се важен фактор во производството на кафе, а сепак, само 15 отсто од светските плантажи со кафе се во сопственост на жени, додека пак, 70 отсто од жениите во индустријата за кафе работат на поле. Проектот на меѓународниот конгломерат „Штраус Кофи“, под наслов „Повеќе од шолја”, се фокусира токму на оваа нееднаквост.

Речиси зад секој филџан кафе во кој секој ден уживаме, стои по некоја жена, која со својата посветеност и знаење го чини сето тоа посебно.


Од истата категорија