Секогаш се потпираме на европската солидарност, тоа се вредностите на оваа заедница на народите, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас пред почетокот на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ (Гимних) што се одржува во Берлин, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас истакна дека со голем интерес ги очекува соопштенијата на високиот претставник на Унијата за надворешни прашања Жозеп Борел „за опциите за санкции за Турција“.

– Ова сметаме дека е апсолутно неопходно  за да се постигне деескалација во Медитеранот, порача Дендиас.