Љубителите на фудбалот денеска ќе имаат можност да уживаат во четири одлучувачки натпревари од групите Ц и Д во рамките на групната фаза на ЕУРО 2024.
Холандија и Австрија ќе играат во 18:00 часот на стадионот во германската престолнина Берлин. Во исто време во Дортмунд ќе се соочат репрезентациите на Франција и Полска.
Вечер во 21:00 часот во Келн играат Англија и Словенија, а истовремено во Минхен ќе се соочат репрезентациите на Данска и Србија.