Фудбалските љубители денеска ќе имаат можност да уживаат во три значајни натпревари во рамките на групната фаза на ЕУРО 2024. Натпреварите ветуваат возбудливи моменти и неизвесни дуели, бидејќи тимовите ќе се борат за пласман во следната фаза од првенството.

Хрватска против Албанија – Натпреварот од групата Б ќе се одигра во Хамбург, на стадионот „Фолкспаркштадион“ со почеток во 15:00 часот. Хрватите ќе се обидат да го осигураат својот пласман со победа, додека Албанците ќе се борат за изненадување и освојување на важни бодови.

Германија против Унгарија – Во 18:00 часот, во Штутгарт на стадионот „МХП Арена“, Германците, како домаќини, ќе се соочат со Унгарија во натпревар од групата А. Германската репрезентација е фаворит, но Унгарците ќе се обидат да ја искористат секоја шанса за позитивен резултат.

Шкотска против Швајцарија – Последниот натпревар за денес од групата А ќе се одигра во Келн, на стадионот „РајнЕнергиШтадион“ со почеток во 21:00 часот. Ова е клучен натпревар за двете репрезентации кои се борат за висок пласман во групата.

М.П.