Со денешните 4 дуели од групите Е и Ф завршува натпреварувањето во групната фаза на ЕУРО 2024.

Фудбалерите на Словачка и Романија ќе ги одмерат силите во 18:00 часот во Франкфурт, а во исто време Украина и Белгија играат во Штутгарт.

Вечер во 21:00 во Хамбург играат Чешка и Турција. На стадионот во Гелзенкирхен исто така во 21 часот се соочуваат репрезентациите на Грузија и Португалија.