Доколку чувствувате дека животот ви се одвива како на бавна и излижана филмска лента или пак чувствувате болки и замор од едни исти работи, бидете сигурни дека 11 ноември е денот кој ќе ви донесе здив свеж воздух и поволен ветер.

Во нумерологијата постојат Универзални и Лични години. Универзалната година означува дека сите на планетата ќе ја почувствуваат енергијата на еден одреден број.

Оваа 2018 година се смета за т.н. 11 Универзална година. Последниот пат, ваква година се случила во 2009, а пред неа пак, последната Универзална година била во 1910 година.

Повеќе од 99% од популацијата ги имаат почувствувано вибрациите на Универзалната 11 година максимум 1 до 2 пати во целиот свој живот.

Овој ден е силен со вибрации поради фактот што е 11 ден во 11 месец од годината и воедно – 11 Универзална година. Ова го прави еден од најмоќните денови во последните 100 години.

1111 или 11/11 има посебно духовно значење бидејќи се верува дека тоа е бројот на духовното будење и моќните нови почетоци.

Кога често пати ќе видите 11.11 минути на часовникот и кога сте мистериозни привлечени од бројот 1111, тоа ги симболизира промените коишто ви претстојат и будењето кое се појавува на хоризонтот пред вас.

Ангелите, духовните водачи и Универзумот, исто така, користат броеви како начин за поврзување и комуницирање со вас. 1111 вообичаено го користат божествените суштества со цел да ви помогнат да ја одберете вистинската насока и да ви го осветлат патот пред вас.

Во нумерологијата, бројот 1 означува нов почеток, но кога се јавува во низа, како на пример 11.11 тоа создава силна енергија на истиот тој ден и ни овозможува да се разбудиме со нов потенцијал и многу возбудливи можности.

11 ноември е моќно, силно време да го смените својот живот, да си поставите цели или да „копате“ малку подлабоко со цел да ја откриете вистината по која одамна трагате. Ново будење, нови информации и ниво на просветлување – сето ова е возможно најмногу поради енергијата која ја носи овој ден со себе.

Со цел да ја искористите енергијата на 11 ноември и да ја насочите во своја полза, морате да бидете активни. Воедно, треба да го отворите срцето и умот за енергијата и да им посакате добре дојде на позитивните вибрации за нови, успешни почетоци.

Бидете отворени кон овој моќен и убав ден, убавите нешта се случуваат само доколку ги посакувате и сте отворени за нив.