Втора најава за прскање во Скопје. Првата најава беше на крајот на април, пред две недели, сега повторо истата информација од Градот.
Од Град Скопје соопштуваат дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши денеска во раните утрински часови.
Како што соопшти Град Скопје, доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, прскањето ќе биде спроведено во истиот термин првиот нареден ден.
-Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, велат од Град Скопје.
На 24 април од Градот Скопје известија дека терестричната дезинсекција, прва фаза, на подрачјето на град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 25 април, четврток, во периодот од 8 до 17 часот, но таа не се случи.