Владата на Хрватска вчера донесе Одлука за прогласување Ден на национална жалост поради смртта на Оливер Драгојевиќ што ќе биде во вторник на 31 јули.

Денот ќе биде одбележан со истакнување знамиња на Хрватска на половина копје на сите згради во кои се сместени тела на државната власт и тела на единици на локална самоуправа како и на згради во кои е седиште или се извршуваат активности на правни лица.

Оливер Драгојевиќ великан на хрватската музичка сцена почина завчера во сплитската болница во 71 година од животот откако загуби битка со тешка болест.

Пејачот ќе биде погребан в среда, во неговата Вела Лука.