13 февруари 2019
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 јануари.
Денеска е Св. бесребреници Кир и Јован.
Во Црквата бесребреници се нарекуваат лекарите на душите и телата, кои лечеле повеќе со силата на Светиот Дух отколку со помош на лекарската рецептура, и директно ги следеле Христовите зборови: бесплатно добивте, бесплатно давајте. Меѓу нив е и александрискиот христијански лекар и чудотворец Кир, заедно со неговиот подоцнежен соработник, војникот Јован. Со своето делување Кир моногумина обратил кон верата во Христос, со што ја заработил омразата на римските власти. Свети Кир и Јован пострадале за Христа за време на Диоклецијановите прогони.