28 декември 2018

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 декември.

Денеска е Св. свештеномаченик Елефтериј.

Антија, мајката на овој Елефтериј, во верата ја воведе самиот апостол Павле. Во истата таа вера Антија го воспита и својот син. Уште многу млад, на 15-годишна вораст, тој беше ракоположен за ѓакон, а три години подоцна за презвитер. На 20 години беше поставен за епископ на Илирија. Св. Елефтериј се покажа достоен за висината на својот чин и гласот за него брзо се рашири на сите страни. За него се слушна и во Рим. Тогашниот император Хадријан го повика во Рим и после мно¬гу измачувања го погуби. Свети Елефтериј пострада во 120 година. Неговите мошти се чуваат во Рим, во црквата Света Сусана.