Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Петар Кризолог.

Бил роден во 380 година во Имола, во близина на Болоња и уште како млад стапил меѓу свештениците. Бил познат по својот свет христијански живот. Бил прогласен за бискуп во Равена која во тоа време била престолнина на Западното царство. Им помагал на сиромашните луѓе. Свети Петар Кризолог умрел во 450 година.