2 март 2019
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари.
Денеска е великомаченик Теодор Тирон (Задушница).
Свети Теодор Тирон, покрај овој свој неподвижен празник на денот на неговото мачеништво, се слави и во првата сабота од Великиот пост. Таа сабота е позната како Тодорова сабота, подвижен празник кој зависи од почетокот на постот. Светителот е истиот и денеска се сеќаваме на неговата маченичка смрт. Теодор живееше во четвртиот век, служејќи како војник за време на царевите Максимијан и Максимин во малоазиската област Понт. И покрај прогоните тој не ја криеше својата вера во Христос, заради што беше затворен, мачен и најпосле жив изгорен.