Градовите од Пијанечко-малешевскиот регион со зголемен број заболени од Ковид-19″ role=”heading” aria-level=”2″>Делчево и регионот и денеска со зголемен број на активни случаи со Ковид-19. Од делчевскиот Здравствен дом информираат дека од вкупно 12-те денешни регистрирани случаи, шест се од Македонска Каменица.
– Станува збор за повозрасни пациенти од двата градови кои изминатите денови се пожалиле на симптоми карактеристични за коронавирусот, по што се направени тестирања и дел од тестовите се позитивни. На сите им посакуваме побрзо оздравување, истакнаа од делчевскиот Здравствен дом.
Оттаму посочуваат дека тестирањата продолжуваат со тоа што за жал, како што велат, и во текот на утрешниот ден, ќе има нови позитивни пациенти на коронавирусот.
– Иако не е конечна бројка, на денешните случаи до 15 часот, имаме уште 7 нови позитивни случаи од кои едно лице е од Македонска Каменица. Се надеваме дека ситуацијата брзо ќе се стабилизира и набргу ќе имаме оздравени пациенти, велат од Здравствениот дом во Делчево.
Освен Делчево и Македонска Каменица, денеска со прилично висока бројка во однос на претходните денови е и општина Пехчево каде се регистрирани пет нови заболени со Ковид-19. Најниско на листата на градови од крајниот Исток со активни случаи е Берово. Во оваа малешевска општина денеска има четири нови случаи со коронавирус. Денеска во општините од Пијанечко-малешевскиот регион има тројца оздравени пациенти, еден од Делчево и две лица од Берово.