Во рамки на одбележувањето на Денот на независноста на САД, и оваа година ќе се приреди традиционалниот годишен натпревар во јадење хот-догови на кејот на Кони Ајленд во Њујорк.
Џо „Виличарот” Чеснат од Калифорнија, кој победил 11 пати, овојпат ќе се соочи со 17 противници, со што ќе се обиде да го одбрани минатогодишниот рекорд од 74 изедени виршли и лепчиња за десет минути. Во женска конкуренција, Мики Судо од Лас Вегас се надева дека ќе ја освои шестата титула една по друга. Лани таа изеде 37 виршли.
Сите натпреарувачи вчера се измерија пред Емпајер стејт билдинг. Чеснат е тежок 98 килограми, а Судо има 52 килограми.
Првите пет пласирани од обата пола, ќе поделат 40.000 долари. Првопласираните ќе заработат по 10.000 долари.
Натпреварот традиционално го следат стотици луѓе на самото место, а ќе има и пренос на телевизија.