Денеска околу 14 часот на кејот покрај реката Вардар во скопската населба Аеродром е исчезнато дете на 12 годишна возраст, објави порталот 24 Инфо.

Името на детето, како што објави порталот, е Мартин. Објавен е и телефонски број за евентуална помош од некои што знаат нешто во врска со случајот, како и фотографија од детето кои не ги објавуваме од разбирливи причини.

Засега нема официјална потврда за овој случај, ќе објавиме подетално веднаш штом веста биде потврдена или демантирана.