Промоција на книгата „Единствено во Бог е честа и славата“ од монсињор д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко – скопски епарх, ќе се одржи, денеска, во салата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.
Промотори ќе бидат Ацо Гогов и протојереј отец Гоце Костов, парох и директор на Радио Марија.
Фрагменти од книгата ќе чита Данче Стаменова. На прoмоцијата до присутните ќе се обрати авторот, бискупот Киро Стојанов.