По пауза од четири години, во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. Владина делегација е составена од министерите Тимчо Муцунски, Панче Тошковски, Владо Мисајловски, Стефан Андоновски и Сања Божиновска.

-Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на одбраната и безбедноста, сајбер-безбедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката, како и заедничката борба против транснационалните закани и зајакнувањето на граничната безбедност, стои во соопштението на МНР.

Домаќин ќе им биде заменикот државен секретар Кристофер Лендау.