Денис Сасу Нгуесо положи заклетва за нов претседателски мандат во Република Конго, на свечена церемонија одржана на стадионот во градот Кинтеле, северно од главниот град Бразавил.

Сасу Нгуесо убедливо победи на изборите одржани во март, освојувајќи 94,8 отсто од гласовите. Тој останува претстедател на Конго уште пет години, по 37 последователни години минати на функцијата.

Во обраќањето пред подржувачите Сасу Нгуесо изјави дека „нема да ги изневери луѓето кои се мобилизираа да му ја дадат својата поддршка“.

И покрај богатстите наоѓалишта на нафта, Република Конго се соочува со сериозни економски предизвици, вклучително висок јавен долг и растечка невработеност, особено кај младите.

Сасу Нгуесо е меѓу најдолговечните лидери во Африка, веднаш зад претседателот на Камерун, Пол Бија и лидерот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгема Мбасого.

Можноста повторно да се кандидира му беше овозможена по референдумот во 2015 година, со кој беа укинати ограничувањата за возраст и број на мандати.