Естанисало Фернандез, син на аргентински претседател Алберто Фернандез, има 24 години, студира графички дизајн и илустрација, работи за осигурителна компанија и живее со својата девојка во стан во Буенос Аирес. Како и да е, тој не е познат како син на претседателот, но неговата популарност расте благодарение на имиџот на неговото алтер его Дајзи и косплеј.

На денот на инаугурацијата на Претседателот, Естанислао, носеше во џебот на костумот марамче со виножитото и седна во првиот ред во Домот на пратеници на аргентинскиот Парламент. Естанислао е познат и како „drag queen“ и „cosplayer“ (претставување на специфични ликови) Диџи на социјалните мрежи.

Во интервју за Френк Торчи, новинар на аргентинската радио програма „Не може да се живее од љубов“, тој рече дека секогаш лежерно ја прифаќал својата сексуалност, иако бил исмејуван на училиште.

– Отсекогаш бев женствено момче и ме нарекуваа со секакви имиња. Дебатите за истополов брак почнаа во 2010 година, кога од 30 лица само четири или петмина изразија поддршка. Другите рекоа дека е неприродно и сè во тој стил, се сеќава тој.

Таа година тој одлучил да го смени училиштето и неговите родители го поддржале во тоа.

Естанислао од 2008 година знае дека социјалните мрежи се негов вистински повик. Почнал од Фотолог. Кога станува збор за Твитер, тој бил еден од првите во Аргентина што започна да го користи. Истото важи и за социјалната мрежа Тамблер, каде што имал околу 50.000 следбеници.

Тој сега активно користи Инстаграм и има повеќе од 40.000 следбеници. Без разлика на тоа што е инфлуенсер, според него, тој е „обичен како и секој“.

-Треба да платам за мојот стан, мојата картичка и имам долгови-вели тој.

Исто така, тој кажа дека со својата девојка Наталија е во врска веќе три години, а една година живеат заедно. Таа е фотограф, тату мајстор и шминкер и токму таа е главната љубов во неговиот живот.

– Тоа е мојата прва долга врска. Моите родители ја обожаваат, вели Естанисало. За Естанислао да биде „drag queen“ не значи само да се облекува како жена или да се создаде имиџ на жена, туку и да се искаже како уметник. Во едно од интервјуата, Естанислао објасни дека „drag е уметност, која ги има своите почетоци во театарот“.

Зборот „„drag“ се појавил во време на Шекспир, кога на жените не им било дозволено да играат во театарот и мажите играле женски улоги.

-Оттгаш потекнува терминот „drag“- облечен како девојка, објасни тој.

Приказната на Дајзи започнала во средината на 2015 година, кога Естанислао бел повикан од негова пријателка фотограф, бидејќи и биле потребни и машки и женски модели.

-Името Дајзи се појави случајно, додека со чело удирав по тастатурата, бидејќи не можев да смислам име за да играм онлајн видео-игра. Кога почнав да бидам drag queen, сакав да го сменам името и да бидам, на пример, Випер, Мамба, Шива и така натаму. Но, изгледа дека сум осуден на Дајзи, вели тој во смеа.