Нешто невидено, барем за последните 20 години, се случи во Англија денеска попладне.
За време на дербито помеѓу Бирмингем Сити и Астон Вила, Џек Грилиш доби силен удар од фан, кој влезе на теренот.
Навивачот, кој ги поддржува „сините“, влезе на теренот 10 минути по почетокот на натпреварот, го удри од позади фудбалерот на Вила и му нанесе силен удар во брадата.
Потоа фанот беше заобиколен од стјуардите, за да биде изведен од теренот, а играчите на Вила тргнаа да се пресметаат со него, но на крајот не дојде до поголем инцидент. Јасно е сепак дека овој поддржувач никогаш повторно нема да влезе на фудбалски стадион. И очигледно свесен за тоа, тој излезе од теренот, и упати бакнежи кон трибините.