Италијанската фудбалска федерација донесе конечна одлука за тоа кога ќе се играат одложените натпревари во Серија „А“.
Сепак, сите на Апенините едвај чекаа да го знаат датумот на кој ќе се одржи Дербито на Италија помеѓу Јувентус и Интер. Двете екипи требаше да играат на 1 март, но поради загриженоста за ширењето на коронавирусот во Италија, натпреварот беше откажан. Тој на крајот е закажан за 9 март од 20:30 часот.
Вчеравечер се одржа средба меѓу клубовите и Италијанската федерација за да се најде решение за хаосот што се појави откако беа откажани низата неодамнешни дуели. На крајот, беше решено овој викенд да се одиграат одложените натпревари од 26-то коло: Сампдорија – Верона, Удинезе – Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ, Сасуоло – Бреша и Јувентус – Интер.
Одложениот натпревар од 25. коло меѓу Аталанта и Сасуоло е закажан за 18 март во 18 часот, додека другите одложени натпревари од оваа рунда ќе бидат дополнително закажани.
Исто така, стана јасно дека програмата во Серија „А“ се поместува една недела напред, а ќе има и меѓуколо во прериодот 12 и 14 мај за да се овозможи сезоната да заврши на 24 мај.