Претседателот на Државната изборната комисија, Оливер Дерковски во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за изборниот процес односно колку денови и се потребни на ДИК како институција за да ги организира изборите и целиот изборен процес.
Дерковски на прашањето колку дена и требаат на ДИК по укинувањето на вонредната состојба да го органзиира изборниот ден и да го заврши изборнот процес истакна дека за тој процес се потребни 60 дена.
„Вообичаени се активностите и самиот закон и Устав кажува дека откога ќе се распишат изборите во рок од 60 дена се организраат избори вклучувајќи ги сите дејствија затоа што некои од тие дејствија паралелно се извршуваат така што тоа е отприлика доволно време помеѓу 50 и 60 дена за завршување на сите тие процесни дејствијаа во организиција на изборите.“