Десетици луѓе беа заробени неколку часа во тунелот под Ламанш откако запре возот што патуваше од Кале до Фокстон, јавува Би-Би-Си.
Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, патниците го напуштиле возот и биле евакуирани преку тунел за вонредни ситуации.
Патниците потоа биле транспортирани до терминалот во Фокстон, Кент.
Компанијата која управува со возовите под Ламанш соопшти дека алармите на возот се активирани и дека во тек истрага.