Членовите на Државната Комисија за спречување на корупција, што беше избрана вчера првиот тест ќе го имаат со Претседателските избори нагласи министерката за правда, Рената Дескоска, на денешната трибина „Фер општество-шанса за сите“ во Штип. Смета дека моделот за избор на членовите е добар, бидејќи беше вклучена  јавноста и експертите.

– Многу  работи се исфилтрираа, многу работи се дознаа, во текот на тие интервјуа. Секогаш може да има простор за да се згреши во одредени ситуации. Но, составот, што го видовме вчера, јас очекувам да даде сериозен придонес во борбата против корупцијата. Со Претседателските избори сега првпат ќе биде ставена на тест таа Антикорупциска комисија, да се види дали се трошат буџетски средства во кампања или не, партиите од каде примаат донации за водење на кампања, како се трошат тие средства?Дали е фер натреварот или не? Сето тоа се прашања, што ќе бидат поставени пред Државната комисија за спречување на корупција и таа е таа што треба да даде одговор и да постапува, особено што тука има многу кратки рокови за одлучување и ќе ги видиме нивните одлуки, во текот на самата изборна кампања, рече Дескоска.