Поранешната министерка за правда Репната Дескоска го коментира Извештајот на ЕК во смисла да ги истакне политиките што ги спроведувала во времето кога била министерка. Дескоска на Фејсбук прави споредба на последните пет извештаи.
„Искрено се надевам дека секој следен извештај ќе биде подобар од претходниот или барем ќе покаже дека има напредок, дека нема стагнација во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не се случува во судството. Ако ги споредиме извештаите од 2019 година до денес, можеме да ги прочитаме следните оценки за реформите во правосудството:
2019 година – добар напредок
2020 година – добар напредок
2021 година – одреден напредок
2022 година – одреден напредок
2023 година – нема напредок“, напиша Дескоска.
Поранешната министерка Дескоска во објавата додава дека Извештајот на ЕК треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и во Судскиот совет. Таа ги повикува актуелните креатори на политиките да ја остават настрана суетата, бидејќи според неа, на овој простор „битката за ситни политички поени“ собрани преку преписки и јавни измами може да биде фатална.
На нејзиниот коментар реагираше актуелниот министер за правда, Кренар Лога, кој практично ја посочи како еден од авторите на измените на Кривичниот законик.
„Во мрак пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, на светло држат предавања за правдата. О ТЕМПОРА; О МОРЕС!“, напиша Лога, што е цитат од говор на Цицерон и значи: „Чудни ли времиња, чудни ли обичаи!“ Пораката до Дескоска е сосема јасна и и, иако Лога не е професор, се чини е професорска.