Министерката за правда Рената Десковска денеска се „прослави“ со првоаприлска духовитост.

– И во време – невреме, пристапот до правдата мора да биде загарантиран за сите. Бесплатна правна помош за луѓетo со ниски приходи – до висина на минимална плата. П.С. Не важи за функционери на минималец (Ова во духот на 1 април), порача Десковска.

Министерката за правда постот го завршува со емотиконот намигнување.

Во ваква ситуација, ни недостигаа само уште првоаприлски шеги од Министерството за правда и духовитост од министерката. Многу ќе и олесни и на правдата и на сите што ја чекаат. Оти слоганот нели им беше „Нема правда, нема мир“. А сега ја има доволно и за шегување! Башка и бесплатна.

(Д.Г.)