Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026), во периодот од полноќ до 20 часот направени се 508 прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“.
Од нив, за надминување на брзината се 454 прекршоци, за поминување на црвено светло 42, а 12 лица возеле нерегистрирано возило.
Во Скопје се регистрирани 77,56% од прекршоците и тоа за надминување на дозволената брзина 359, за поминување на црвено светло 25 и 10 за нерегистрирани возила.
Во Куманово се регистрирани 7,68% од прекршоците. За брзина над дозволената 31, за поминување на црвено светло 7 и 1 за нерегистрирано возило.
Во Тетово се регистрирани 1,97% од прекршоците. За поминување на црвено светло се регистрирани 10 прекршоци, а нема забележано прекршок за брзина и нерегистрирани возила.
На Коридор 8 имало 21 прекршок за возачи кои возеле со брзина над дозволената, а на Коридор 10 за истата причина има 32 прекршоци.
На останатите делови, има 12 прекршоци – 11 за прекумерна брзина и 1 за нерегистрирано возило.
Во текот на вчерашниот ден, изречени се 48 забрани за управување со возило, од кои 42 за поминување на црвено светло и 6 заради брзината.
Максималната брзина со која се управувало возило, забележано од системот „Безбеден град“ е 178 километри на час.




