Во текот на оваа ноќ како и утре особено во западните и јужните предели ќе има локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег каде има услови и за формирање на снежна покривка, анализира Славчо Поповски.

Снежната граница поради падот на температурите има услови да се спушти и нешто под 1000 метри што значи услови за провејување на снег локално ќе има и низ населените места. Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Потоа и во недела како и на почетокот од следната недела ќе има услови за повремени локални послаби врнежи од дожд и снег а температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината. НАПОМЕНА: Доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесете топла облека поради очекуваните зимски температури на воздухот.