Четири пати основното училиште „Меша Селимовиќ“ во Сараево добило пријави за подметнати бомби, а полицајците на кантонот Сараево откриле дека лажните пријави биле испратени по електронска пошта од дете.
Како што пренесува Кликс, полициски службеници од полициската управа Нови Град, во соработка со колегите од Федералната полициска управа, го идентификувале лицето кое на 30 март, 4 април, 5 април и 11 април испратил мејлови за поставена бомба во просториите на училиштето.
Со оглед на тоа што детето испраќало заканувачки пораки за подметнат експлозив, не може да му се изречат никакви кривични санкции. Полицијата не сакала да открие повеќе информации.