Осумгодишно момче од Белгија завршило средно училиште и наскоро ќе тргне на факултет.
Момчето Лоран Симон, чиј татко е Белгиец, а мајка Холанѓанка, за само 18 месеци го завршило шестгодишното образование и дипломата ја земало заедно со другите ученици, кои имаат 18 години.
Неговите родители тврдат дека коефициентот на интелигенција на момчето е 145.
Лоран за белгиското радио РТБФ изјави дека омилен предмет му е математика, бидејќи, како што објасни тој, таа е опширна – има статистика, геометрија, алгебра.