Хрватската полиција во приморскиот град Пула спасила дете кое останало во прегреан автомобил, а го оставила неговата мајка државјанка на Македонија.
Детето, чија возраст и идентитет на мајката не се соопштени, било префрлено во болница за да добие медицинска помош, а засега не е познато колку време останало само во возилото.
Полицијата добила дојава дека има дете кое плаче во автомобилот, по што една полицајка успеала да ја отвори вратата и да го извлече детето.
Против македонската државјанка ќе биде поднесена соодветна пријава.