Мнозинството граѓани или 51,5% сметаат дека членството во НАТО ја направи Македонија побезбедна од надворешни влијанија особено во екот на војната во Украина, додека 31,6% се убедени во спротивното. Вакви се резултатите од последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Разликата ја прават етничките Албанци кои во огромно мнозинство од 72% сметаат дека НАТО ја прави Македонија поотпорна на надворешни влијанија. Ваков став делат 44,6% Македонци додека 38,2% се против.
Граѓаните се поделени околу евентуалните придобивки кои Македонија ги има од претседавањето со ОБСЕ. 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не.
Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција на Македонија и зголемување на кредибилитетот на државата.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници