Детска болница во Сан Антонио, Тексас има интересна традиција- секоја година, ги испраќа новороденчињата дома во божикни чорапи.
Оваа традиција датира веќе 50 години,а секое дете родено по 29-ти овој месец ќе добие интересна чорапа.
Настрана од тоа што е симпатично во моментот, овие чорапи можат да се чуваат со години.
„Се уште го имам чорапот, а овој Божик ке полнам 38 години“, вели Кети Лапан.
Но, големината на чорапите не одговара на сите.
„Кога се роди мојот син, тој беше премногу голем за да влезе во чорапот, па затоа му ставија шапка од Дедо Мраз”, вели Дејвн Белји.