Двете деца (женско дете на возраст од седум години и машко дете на возраст од четири години) кои синоќа беа оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче, по што полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и со возило на Итната медицинска помош се донесени во Клиниката за детски болести се во добра здравствена состојба и ќе бидат и ќе бидат пуштени дома.
-При приемот и прегледот одавале впечаток на запуштени деца, односно валкани во нечисти алишта, биле во свесна состојба, исплашени и лесно дехидрирани. При приемот биле свесни со витални параметри. Децата се хоспитализирани на одделот за пулмологијана обсервација. Направени се рутински лаборааториски анализи со уреден наод и спроведена е преорална рехидрација. Во текот на престојот се во стабилна состојба и се испишувааат во добра здравствена состојба, соопшти Клиниката за детски болести.
Децата се хоспитализирани на Одделот пулмологија Б за обсервација, направени се рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот се во стабилна состојба, наведуваат од Клиниката.