Деветмина полициски службеници се приведени попладнево во полициска акција. Тие биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи. Од полицијата само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.
Аферата Мафија вчера на брифинг со новинарите ја обелодени ВМРО ДПМНЕ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави документи за тоа како неколку лица осомничени за организиран криминал во регионот добиле документи за идентификација и патни исправи од Македонија. Според нивното досие, еден од босовите на турската мафија, Седат Пекер, има македонски пасош и лична карта издадени од Полициската станица во Драчево.
Според ВМРО, тој со лажен идентитет, според документите како Џадин Амедовски, со адреса во Скопје, престојувал и дејствувал незаконски долго време во земјава, сè до апсењето на 18 јануари, по што беше екстрадиран на Косово бидејќи имал и косовско државјанство.
Извори од полицијата велат дека осомничената група повеќе од една година се следи со ПИ мерки.