Претседателот на Куба, Мигуел Диас-Канел денеска изјави дека заедно со владини претставници разговарале со американската администрација.
Целта на овие разговори е да се изнајде решение преку дијалог за билатералните разлики кои ги имаме двете нации, посочи Диас-Канел.
Тој посочи дека на разговорите присуствувал и поранешниот кубански претседател Раул Кастро и други високи претставници на Комунистичката партија и владата. Но, тој не наведе која присуствуваше од американска страна.
Американскиот претседател Доналд Трамп досега неколку пати има изјавено дека САД веќе разговараат со Куба на високо ниво.
Досега, кубанската влада негираше дека се одржуваат какви било официјални состаноци.
Откако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во јануари и го соборија најважниот сојузник на Куба, Трамп ги прекина испораките на венецуелска нафта и се закани дека ќе воведе царини за секоја држава што ќе и продава нафта на Куба.
Изминатите недели Трамп даде повеќе изјави во кои тврди дека Куба е на работ на колапс или дека Хавана сака да постигне договор со Вашингтон. Тој на 9 март изјави дека Куба би можела да биде предмет на „пријателско преземање“, пред да додаде: „Можеби тоа нема да биде пријателско преземање“.




