Доколку избегнувате сладолед во топлите летни денови поради тоа што сте на диета, или пак, избегнувате шеќери и глутен поради разни причини, можете да си допуштите да се освежите со домашен сладолед кој се подготвува од само една состојка.
Се што е потребно за овој десерт е околу половина килограм банани. Најпрво бананите се сецкаат во форма на тркалца се ставаат во поклопен сад во фрижидерот да се замрзнат. Потоа, замрзнати се ставаат во блендер додека не се претворат во пенест крем.
Сладоледот може да се јаде веднаш. или пак да се врати во фрижидерот да се замрзне уште малку.