Технологијата се повеќе навлегува во светот на медицината. Комбинацијата на човечкиот фактор и современите технолошки решенија го стандардизираат третманот, овозможувајќи индивидуален пристап за секој пациент. Диаверум, водечки глобален снабдувач на услуги за бубрежна нега, е решен да игра клучна улога во овој процес на глобално и на локално ниво.
Диаверум Северна Македонија обезбедува бубрежна нега која го подобрува животот откако влезе на пазарот во 2018 година. Денес, 250 вработени се грижат за над 660 пациенти со хронична бубрежна болест (ХББ) низ 9 центри во Скопје, северниот, источниот и југоисточниот дел на земјата.
Иднината на дигиталните иновации, денес
Диаверум тргнува на амбициозно патување да го претвори своето 30-годишно искуство со дијализа во дигитални решенија кои ќе обезбедат највисоки стандарди за грижа за своите пациенти. Голем број од овие решенија се веќе лансирани во Северна Македонија.
d.CARE е систем за управување со информации поврзани со бубрежната нега на пациентот кој е целосно развиен од страна на Диаверум. Овој систем овозможува спроведувањето на процесите и подобро менаџирање на прескрипцијата на лекови во рамки на центрите, преку користење на огромна база на податоци поврзани со менаџирање на центрите, медицински извештаи, клинички процеси и администрација. Апликацијата за пациенти d.CARE овозможува пациентите на Диаверум да се вклучат во нивната здравствена заштита преку активна комуникација со докторите за нивниот третман, преку нивните паметни телефони или таблети. Заедно со оваа алатка се користи систем за вештачка интелигенција кој им помага на лекарите во обезбедувањето персонализирана грижа за пациентите.
Дополнително, Treatment Guidance System (TGS) на Диаверум, кој моментално се инсталира низ сите центри во Северна Македонија, го поддржува медицинскиот персонал да се придржува до стандардизираните клинички процеси во сите нејзини центри. Преку таблетот кој е поставен до дијализното место, TGS собира и доставува информации во текот на целиот третман, во средина во која нема употреба на хартија и хартиени материјали, поточно во дигитализирана средина за корисникот.
Нов стандард за грижа за пациентите со ХББ
Заедно, овие иновации имаат потенцијал да отклучат невидено ниво на персонализирана, стандардизирана, ефикасна и висококвалитетна грижа за пациентите на дијализа во земјата, вели Димитар Клисаровски, Генерален директор на Диаверум Северна Македонија.
„Преку имплементација на овие дигитални решенија, обезбедуваме спроведување на стандардите за третман, притоа минимизирајќи ја можноста за грешка. Секој пациент, иако има свој индивидуален пристап кон лекувањето, ќе помине низ истата процедура на третман како што е пропишана. Таблетот ќе им помогне на нашите медицинските сестри да спроведуваат стандардизирана клиничка пракса, минимизирајќи ја варијабилноста во грижата и можноста за грешка“. Клисаровски додава дека „културата на Вистинска грижа на Диаверум во основата ја има мисијата да ги поттикне нашите пациенти и нивните најблиски, да живеат исполнет живот. Поради оваа причина, ќе продолжиме да пронаоѓаме технолошки решенија кои ќе го олеснат секојдневниот живот на луѓето со хронична бубрежна болест, како во Северна Македонија така и пошироко.“