Пет децении е на инсулин за 2023 е најтешка за дијабетичарите, пренесува Сител. Драган Станковски од Демир Хисар им порача на надлежните дека лицата со дијабет не ги интересираат тендери и процедури туку ленти и глукомери од кои им зависи животот.

-Ние, сега, така речено, на „ќоро“ ставаме инсулин. Бидејќи не знаеме колку ни е гликемијата во моментот, ако немаш лентичка да измериш.

Не знаеш колку единици да ставиш, за денот да го поминеш како што треба, да биде шеќерот во нормала, вели Драган Станковски дијабетичар од Демир Хисар

Во родниот град на Станковски наместо 116 колку што има дијабетичари им стигнале само 10 глукомери. Кој да добие а кој да извиси и да не знае колку му е шеќерот во крвта. Одлучиле да не поделат на никој додека не ја добијат целата количина. Но не е ова проблем само во Демир Хисар.

-Носат Штип и Велес а Свети Николе го прерипуваат, а таму од двете страни со комбе можа да се влезе и да им однесат ленти и глукомери. Оние терапија не им носат, вели Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари

-Министре, знаете за ова..не не сум слушнал, ама веднаш ќе провериме и ќе преземеме мерки, ако е точно, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари засега нема да одат на протести и ќе чекаат преку дијалог и соработка да дојде до очекуваните промени. Но апелираат дека улицата не ја исклучуваат ако нема системско решение и референтна цена што го бараат со години.

-Се догогоривме после овој ѕендер после две години да има системско решение со што во аптека ќе имаат можност за допплата доколку сакаат некој бренд, вели Меџити.

Нередовното мерење на шеќерот може да предивика акутни компликации и пораст на такви случаи на Енокринологија овој период немале. Но хроничните не се јавуваат толку рано и недостигот на ленти и глукомери подоцна ќе покаже какви последици има за пациентите.