Дијабетичарите и болните од цистична фиброза се уште молат за лекови. Едни се борат да добијат ленти и дијабетска терапија други очајно бараат “Трикафта”. Здравствените власти само ветуваат и ништо не остваруваат.Од здружението на дијабетичари се жалат дека повеќе од половина година немаат ленти за мерење на шеќер, глукомери и игли за аплицирање на инсулин. А доколку продолжи ваквата агонија најавија порадикални мерки, објавува ТВ АЛФА.
Вчера дијабетичарите имаа состонок со Меџити, а денеска на маса со министерот седнаа и лицата со цистична фиброза. Решение не добија ниту едните ниту другите.
Министерот повтори и денеска дека ги знаел проблемите уверувајќи дека ќе ги реши.Но не кажа кога?
Откако во февруари почина пациент, државата во март набави Трикафта само за 12 болни, а чекааат околу 120.
Дијабетичарите пак, освен недостатокот на глукомери, повремено се случува да фали и одреден тип на инсулин, па пациентите бараат алтернативи за дo неопходниот лек.