Веќе не молиме за лек со протести, туку влегуваме во правна битка со Министерството за здравство. На дијабетичарите им пукна филмот, револтирани и гневни правдата решија да ја бараат преку суд, со тужби. Велат, недозволиво е осум месеци да нема инсулински игли, ленти и апаратчиња за мерење на шеќер а никој да не понесе одговрност. Претседателот на Сојузот на дијабетичари Димче Велев за Алфа вели дека крајно неодговорно е пациентите да страдаат поради тендерски процедури.
“Ние почнуваме правна битка. Ние сме сериозни луѓе во сојузот, не сме дечиња.Зошто не ни рефундираат или да најдат начин што три години сами се снаоѓаме а они молчат и како нешто да прават.Завршена е приказната, ќе правиме така како што треба” – вели Велев.
Бојан Киров-дијабетичар прашува до кога во оваа држава пацинетите со дијабет ќе живеат под сериозен стрес, игнорирани и дискриминирани?
“Се поставуваат критериуми, во моментов ова е прв тендер каде што ќе се набавѕваат и сензори.Сензорите ќе ги добиваат само децата до 18 години значи од најмали, од бебиња и луѓе кој што веќе развиле некакви компликации или коморбидитети што значи ние што немаме се уште развиено било какви компликации остануваме маргинализирани на страна, и нема сите да добиваат сензори” вели за Алфа, Бојан Киров, дијабетичар.
За неажурноста на здравствените власти докажува и тоа дека ниту Сали, ниту Меџити не го распишале навреме големиот двегодишен тендер за лицата со дијабет.Според податоците од веб-страницата за јавни набавки, тендер за инсулински игли и ленти за мерење шекер и сензори се распишува на секои две години. Последниот тендер завршил во декември 2022 година (со важност од јануари 2020 година), а Министерството за здравство го распишало новиот тендер дури на 4 април 2023 година, односно четири месеци по завршувањето на стариот. Министерот Меџити беше назначен на крајот на февруари годинава, откако од функцијата си замина неговиот претходник, Беким Сали. Ова практично значи дека и двајцата министри не го распишале навреме двегодишниот тендер за лицата болни од дијабет.