Автоголот на Денис Церишев на натпреварот помеѓу Уругвај и Русија е шесттиот на ова Светско првенство, а по овој показател се израмни со Мундијалот во Франција 1998 година.
Другите пет автогола беа дело на Азиз Бухадуз (Мароко), Азиз Бехиќ (Австралија), Оженекаро Етебо (Нигерија), Тиаго Зионек (Полска) и Ахмед Фати (Египет).
Рекордот може да биде срушен уште вечерва, кога на програмата се натпреварите од групата „Б“ помеѓу Иран – Португалија и Шпанија – Мароко.