Максим Димитриевски во Струга:
Струга е град сличен на градот од каде што доаѓам. Мултиетничка средина, во која треба да се сакаме и почитуваме и да живееме заедно. Но притоа не смееме да дозволиме политиката да ги дели граѓаните и да создава чувство на граѓани од втор ред. Сведоци сме дека во нашата држава се случуваат големи неправди, а особено спрема припадниците на македонскиот народ. Се случува еден феномен на партизација на целиот систем од оние што со пушка влегоа во Собрание, па потоа во извршната власт, а сега гледаме како ја запоседнуваат и судската власт и ги користат останатите, наводно големи партии, како приврзок во коалиција, кои притоа се ставааат во целосна функција на ДУИ. Токму затоа не сакам да ја оставам државата да расте и да се развива така. Затоа се одваживме да се вратиме таму каде што припаѓаме, на крушевските и АСНОМските корени. Ние сакаме во суштина да ги промениме работите во Македонија и ќе ги промениме во целост, заедно со вашата поддршка и на следните избори ќе победиме!