Нема застој во повратот на ДДВ кон компаниите. Се прават дополнителни анализи само кај компании за кои системот укажува дека има ризици, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

-Нема доцнење во процесот на поврат на ДДВ кон компаниите и нема застој на она што доаѓа во МФ за исплата. Кај оние компании кои се добро етаблирани, немале никакви злоупотреби исплатата оди како што е предвидено, но имаме проблем со другите компании, рече министерката вечерва во гостување во 360 Степени.

Таа потенцира дека со поддршка на Меѓународниот монетерен фонд и Трезорот на САД во Управата за јавни приходи се изговени одредени индикатори кои сигнализираат дали компанијата има одредени проблеми, односно дали може да е ризична, нешто што претходно не се работело. За тие компании, како што додаде министерката, за кои системот аралрмира одреден ризик се прават дополнителни проверки.

Димитриеска-Кочоска посочи дека во овој дел биле констатирани многу злоупотреби и дека е направена заштита на системот со многу милиони евра од залоупотреби. Во моментов, како што додаде, има истражни дејствја за шест компании кои се поврзани со многу сериозни системи на злоупотреба на поврат на ДДВ.